ДА ДОПИЕМЕ, ПА ЌЕ ЗАТВОРИМЕ! Пиенка за време на молк во изборен штаб во Велес
Во него чуварите на изборниот штаб се правдаат дека не знаеле дека го прекршуваат изборниот молк.
Група повозрасни граѓани со пиво, кока-кола зеро и ракија го чувале отворен штабот на политичка партија која учествува на локалните избори.
На седенката упадна новинарска екипа која објави видео на Фејсбук. Во него чуварите на изборниот штаб се правдаат дека не знаеле дека го прекршуваат изборниот молк.
– Да допиеме и ќе го затвориме штабот, господине. Од каде да знаеме дека не смее – вели еден од присутните пред камерата.