ГЛАСАА БОЛНИТЕ ОД КОВИД-19 ВО ШТИП Специјален тим посети 19 лица во нивните домови

Во Штип 139 болни и немоќни лица, 17 ковид болни и во изолација и осудениците гласаат на стариот начин, со ув ламба и спреј.

247

Заврши гласањето на болните од ковид-19 и лицата кои се во изолација на територија на Општина Штип. Тимот составен од здравствени работници на адресите посочени од лицата кои се пријавиле затекнал вкупно 19, додека тројца  биле хоспитализирани во штипската модуларна болница.

Претседателот на Општинската изборна комисија (ОИК)-Штип, Виктор Вацев вели дека гласањето на болните и немоќни лица се уште е во тек, бидејќи неколку избирачките одбори го чекале материјалот од специјалниот здравствен тим за да продолжат и тие со активностите на терен.






Во Штип 139 болни и немоќни лица, 17 ковид болни и во изолација и осудениците гласаат на стариот начин, со ув ламба и спреј, а апаратите за отпечаток на прст ќе се активираат утре во 7 часот на 80 избирачки места.

 

Поврзани содржини