ТЕНЗИЧНО ВО МИТРОВИЦА И ЗВЕЧАН Косовската полиција спроведува акција, фрлени шок бомби и солзавец (ВИДЕО)

Според нивните информации особено е тензично на мостот над Ибар во општина Звечан, каде косовската полиција се обидува да мине кон центарот на градот, а граѓаните се обидуваат да ги спречат.

1,085

Жителите на Косовска Митривица утринава ги вознемирија сирените кои можеа да се слушат во градот, а во тек е операција на единиците на косовската полиција чии претставници порачаа дека „спречуваат шверц на стока“. Набргу сирените престанаа, но тензиите, сепак, останаа, објави „ТВ Н1“.

 






Според нивните информации особено е тензично на мостот над Ибар во општина Звечан, каде косовската полиција се обидува да мине кон центарот на градот, а граѓаните се обидуваат да ги спречат.

Во еден момент полицијата употреби солзавец за да ја растера толпата. Како што пишува „Коссев“ се слушнале и шок бомби. Граѓаните кои се најдоа на лице место пријавуваат дека станува збор за специјални полициски единици и дека можат да се видат претежно пред аптеките.

 

РТС известува дека припадниците на косовската полиција затвориле неколку продавници во северниот дел на Косовска Митровица и околните области поради економски криминал.

– Тие упаѓаат во магацини. Продавници и аптеки не работат, ја спроведуваат акцијата сами и без консултации и подготовка со полицијата во северниот дел на Митровица – наведува РТС, повикувајќи се на сведоштва и тврдења на очевидци.

 

Амбулантни возила и пожарникари беа на улиците, а граѓаните се собраа во центарот на градот. Блокирана е раскрсницата која се наоѓа во близина на Техничкото училиште.

Косовската полиција, пак, соопшти дека започнала полициска акција во раните утрински часови „за постигнување стратешки цели во спречувањето на криминалот, особено во борбата против шверцот на стоки“.

Во соопштението се наведува дека акцијата се спроведува во регионот на Приштина, Пеќ, Јужна Митровица и Северна Митровица.

– Сите полициски дејствија се спроведуваат во координација со надлежните обвинителства и судови и се однесуваат на инспекции и претреси на различни локации, како што се куќи, станбени, деловни простории, магацини … Како резултат на интензивни акции и професионални дејствија на косовската полиција и Царина, до „различни стоки што служат како материјални докази сега се запленети – се вели во соопштението.

Поврзани содржини