НОВИ ЗАКАНИ И НАПАДИ КОН Д-Р БОРЧЕ ЈОВЧЕСКИ Докторот достави докази до Обвинителството

Ако ова денес мене и на моето семејство му се случува, утре може истото да му се случува и на некој друг! И повторно ќе порачам! Дебатата ќе се случи во недела, на 17 октомври. Во недела јас и моите прилепчани, заедно за подобро утре на сите ќе ја извојуваме најголемата победа! - порача д-р Јовчевски. 

1,521

Заканите и нападите кон мене и мое семејство продолжија и во текот на вчерашниот ден, изјави денеска по излегување од ОЈО Прилеп кандидатот за градоначалник од редовите на ВМРО-ДПМНЕ Борче Јовчески.

– Денес, речиси до 16 часот бев во просториите на ОЈО Прилеп каде дадов изјава, доказни материјали,меѓу кои и тие од вчерашниот ден. Ги повикувам СДСМ да престанат да ја замајуваат јавноста со моето непојавување на ТВ дебати. Стратегијата која што ја направиле со цел да ми го одвлекуваат вниманието и да ми го губат времето со тоа што по цели денови ќе поминувам во полиција,или ОЈО им е погрешна. И напротив уште повеќе ме мотивираат да работам и да  победам! Мојот став по однос на ова прашање е непроменет и така ќе остане се додека надлежните институции, раководени од кадри на СДСМ не ги преземат соодветните мерки кон насилниците. Ако ова денес мене и на моето семејство ми се случува, утре може истото да му се случува и на некој друг! И повторно ќе порачам! Дебатата ќе се случи во недела, на 17 октомври. Во недела јас и моите прилепчани, заедно за подобро утре на сите ќе ја извојуваме најголемата победа! – порача д-р Јовчевски. 

Поврзани содржини