АНГЕЛА ЈАВА АМЕРИКАНСКИ КОЊ Необичен приказ на германската канцеларка (ВИДЕО)

Споменикот, кој е изработен со техника 3Д, поставен е во Баварска, во градот Фројденберг. Висок е 2,7 метри, а на него Ангела Меркел е прикажана како јава на американски коњ, со рацете во карактеристична поза.

384

Германскиот уметник Вилхелм Кох направил споменик на германската канцеларка Ангела Меркел како јава на американски коњ.

Споменикот, кој е изработен со техника 3Д, поставен е во Баварска, во градот Фројденберг. Висок е 2,7 метри, а на него Ангела Меркел е прикажана како јава на американски коњ, со рацете во карактеристична поза.






Кох за „Шпигелвели дека немал намера намера да ги велича политичките достигнувања на Ангела Меркел“, туку дека станува збор за спој на иронија и лична благодарност“, додавајќи дека се работи заиконичен приказ“ германската канцеларка.

Уметникот рекол дека на ваков приказ го инспирирала изложбата на фотографии на Тил Бриглеб на кои се прикажани споменици и статуи чиј коњ е важен дел. Бриглеб напишал дека статуите со коњите целосно се излезени од мода. Сега е мошне тешко да се замисли кој било политичар на коњ, освен можеби Трамп, Путин или Ким Џонг Ун. Бриглеб навел дека коњичката статуа дефинитивно не е погодна за една личност, а тоа е Ангела Меркел.

Уметникот Кох за „Шпигел“ истанува дека сакал да ја оспори таа теза. Тоа го заинтересирало и од уметничка вајарска страна. Толкувањето на имиџот на канцеларката не му било приоритет.

Тој објаснил и зошто скулптурата нема постамент. Тоа е во врска со самата Ангела Меркел. Неа ја доживуваат како мошне скромна личност. Поради тоа поставувањето на оваа статуа на постамент би било неумесно. Се стекнува впечаток дека тргнала на јавање. Можеби коњот е подарок од Трамп, подвлекува скулпторот.

Меркел, исто така, нема седло и узди на коњот.

– За неа тоа е природно. Не сакав да правам карикатура – вели Кох и открива дека планот му е статуата да стои на тоа место до следното лето, а можеби и трајно, во зависност од реакциите што ќе ги предизвика.

Поврзани содржини