ТОА Е ИЗРАЗ НА НАРОДЕН НЕПОКОР Апасиев не прифаќа дека имало инцидент во Прилеп
Апасиев вели дека инцидентот е само во главите на ботовите на владејачката партија.
Не е инцидент туку израз на народен непокор, вели лидерот на Левица Димитар Апасиев за вчерашното попречување на државната делегација да положи цвеќе на Могилата на непобедените во Прилеп кое беше пропратено со дофрлувања кон премиерот Зоран Заев.
Апасиев вели дека инцидентот е само во главите на ботовите на владејачката партија.
-Тоа беше демонстрација на народниот непокор, на прилепскиот инает на Могилата на непобедените каде на квислинзите им се покажа страничното место во историјата. Така и ќе завршат, бидејќи го продадоа сопствениот народ а македонскиот народ не ги трпи предавниците – вели Апасиев.
Апасиев настанот го прокоментира и на Фејсбук.
