ЌЕ СЕ ДОГРАДИ ПЕНЗИОНЕРСКИОТ ДОМ ВО КУМАНОВО „За наше Куманово“ ветува забрзан економски развој

Од „За наше Куманово “ велат дека ќе се вложуваво изградба на инфраструктура во индустриска зона Новини и Речица преку воспоставување на систем ОД ЗОНА ЗА ЗОНА.

210

Независниот кандидат за градоначалник Максим Димитриевски денеска го посети  Домот за стари лица „Зафир Сајто“, додека кандидатката за советник во идниот Совет на општина Куманово Александра
Марковска на прес конференција зборуваше за економскиот план.

– Сакам да најавам во рамки на следните четири години дека ќе вложиме и инвестираме средства за проширување на овој капацитет и овој дом за стари лица којшто е еден од најдобрите во државата. Во
разговараме со Здружението на пензионери во Куманово, со заеднички сили во следниот период сакаме да направиме доградба на постоечкиот капацитет на Домот на пензионери во Куманово за трајно сместување на пензионери. Со ова, ќе им овозможиме на најстарите генерации посоодветно сместување и згрижување. Верувам дека концептот „За наше Куманово“ ќе биде препознаен од граѓаните и секако ја бараме поддршката за него – рече Димитриевски по средбата со пензионерите.






Кандидатот за советник во идниот Совет на општина Куманово Александра, пак рече дека се работи за конкретни проекти за развој на стопанството во општината.

– Ќе вложуваме во изградба на инфраструктура во индустриска зона Новини и Речица преку воспоставување на систем ОД ЗОНА ЗА ЗОНА. Односно, финансиските средства, кои што ќе се соберат од продажба на земјиште и уплатени комуналии, ќе се пренасочат во изградба на инфраструктура во
зоната – рече  Марковска.

Таа ги најави проектите со кои се планира забрзување на развојот на општината во кој акцент ќе им се стави на старт ап бизниси, иновативност и социјално претприемништво.

Таа рече дека ќе се развива и туризмот преку реализација на активности од Стратегија за туризам на Општина Куманово (2020 – 2024) со отворање на Центар за туристичко информирање, а ќе  поддржи и занаетчиството кај младите преку промоција на занаетчиство и креирање мерки за подобри услови за занаетчиите и зголемена соработка со Занаетчиска комора.

Поврзани содржини