ЦРНА ГОРА ГИ УБЛАЖУВА МЕРКИТЕ Се укинува ковид-сертификатот и се крати изолацијата
Ублажувањето на мерките го најави директорот на црногорскиот Институт за јавно здравје, Игор Галиќ, кој рече дека бројот на нови заразени во последните две недели е намален за 40 проценти во споредба со претходните две недели.
Се подобрува епидемиолошката состојба во Црна Гора, па здравствените власти одлучија дека е време дигиталниот ковид-сертификат повеќе да не биде потребен како услов за влез во трговски центри, во деловни објекти и продавници кои имаат над 1.000 метри квадратни.
Ублажувањето на мерките го најави директорот на црногорскиот Институт за јавно здравје, Игор Галиќ, кој рече дека бројот на нови заразени во последните две недели е намален за 40 проценти во споредба со претходните две недели.
– Бројот на хоспитализирани на 5 октомври е за 11 проценти помал отколку на 9 септември. Во последните две недели, вкупниот број смртни случаи е околу 18 проценти помал од вкупниот број смртни случаи во претходните две недели – рече Галиќ.
Галиќ рече дека во согласност со очекувањата дека Црна Гора ќе се приклучи на дигиталниот ковид-сертификат на ЕУ, времетраењето на изолацијата се скратува од 14 на 10 дена.