КОГА СДСМ И ДУИ НЕ МОЖАТ ДА ГИ ПОДЕЛАТ БИЗНИСИТЕ ДЕЛАТ ТУПАНИЦИ Обвинителството да ги праша што делат, бара ВМРО-ДПМНЕ
Според опозициската партија ваквото делење тупаници среде главниот град е срам за државата
Власта започнува физички да се пресметува помеѓу себе, што значи дека го губат тлото, се зголемува нервозата и знаат дека ќе загубат, реагира ВМРО-ДОМНЕ на информацијата дека синот на Муса Џафери физички се пресметал со претседателот на Регулаторната комисија за енергетика за одземањето на лиценца за снабдување со струја.
Од партијата го повикаа обвинителството да реагира, и како што велат, да ги праша што всушност делат СДСМ и ДУИ.
„Кога ДУИ и СДСМ ќе се договорат за 14 изгорени луѓе од Тетово, сложно викаат дека крив е кабелот, кога не може да се договорат за бизниси делат тупаници среде Скопје како Бислимоски и синот на Џафери. Марко Бислимоски е поранешниот член на партиската комисија за енергетика во СДСМ. Муса Џафери, чиј што син дели тупаници низ Скопје е функционер во ДУИ. Ваквото делење тупаници среде главниот град е срам за државата. Обвинителство да ги повика да кажат што делат, што множат двајцата од власта. Да се истражи не само тепачката туку и мотивите за тепачката. Ова е брука за институциите“, се вели во реакцијата.