ЗАГУБИЈА ФАНОВИ ПОРАДИ НЕУМЕСНИ ИЗЈАВИ Кои се топ 10 ѕвездите кои потфрлија на социјалните мрежи

Лана Дел Реј мораше да се откаже од социјалните мрежи, Канје Вест со своите контроверзни про-Трамп изјави изгуби милион ипол следбеници, Били Ајлиш загуби 100.000 следбеници, само затоа што реши да се шатира и да ги покаже градите, а писателката на „Хари Потер“ пишувала негативни коментари за трансродови лица.

264

Многу светски ѕвезди се изгореа на социјалните мрежи. Дали е публиката престрога или тие се несовесни со коментарите? Постови за Трамп, против транс-лицата, против ковид-мерките или едноставно лични работи од животот. Некои од следниве личности морале да се извинат за да не останат без следбеници, но и без спонзори заради своите постови, а пејачката Лана Дел Реј и ги затвори своите профили на Фејсбук, Инстаграм, Твитер и ТикТок, пишува Глорија.

Били Ајлиш (19)






Лично богатство: 30 милиони долари

Инстаграм-следбеници: 19 милиони

Американската пејачка и текстописец, која има 19 години, загуби дел од своите обожаватели кога ненадејно го промени својот имиџ во бујна русокоса по повод објавувањето на албумот „Посреќно од кога било“ на почетокот на летото.

Со години, таа го негуваше имиџот на девојка од соседството во широка спортска облека, па поради сексуализацијата на нејзиниот имиџ, таа остана без сто илјади следбеници на Инстаграм. Иако тој број звучи страшно, тоа е само еден промил од нејзините обожаватели.

Лана Дел Реј (36)

Лично богатство: 30 милиони долари

Твитер-следбеници: 10 милиони

Лана Дел Реј изгуби 75.000 следбеници на Твитер поради позитивните постови за претседателот Доналд Трамп, а за негативните за движењето „Black Lives Matter“. Taa зборуваше и за колешките Бијонсе, Ники Минаж и Карди Б. Во септември годинава, 36-годишната американската кантавторка целосно се исклучи од социјалните мрежи бидејќи сакаше поголема приватност и концентрација за да работи на нов албум. Ја следеа 20 милиони луѓе на Инстаграм и 10 милиони на Твитер.

EPA-EFE/JUSTIN LANE

Ник Кенон (40)

Лично богатство: 30 милиони долари

Инстаграм-следбеници: 5,1 милиони

И покрај бројните објави за неговиот приватен живот, 40-годишниот американски комичар го затвори својот профил на Инстаграм во 2017 година, бидејќи не заработуваше на таа социјална мрежа. Во меѓувреме, тој очигледно успеа да се договори за подобри хонорари и сега секоја објава му носи пристоен приход.

Евангелин Лили (42)

Лично богатство: 15 милиони долари

Инстаграм-следбеници: 2,1 милиони

Откако минатата пролет загуби стотици илјади следбеници затоа што нејќеше да оди во самоизолација откатко била во контакт со лице заразено со коронавирус, канадската актерка беше многу повнимателна во своите изјави и статуси на социјалните мрежи.

Таа сепак успеа да си го спаси образот со извинување.

Елен Деџенерис (63)

Лично богатство: 370 милиони долари

Инсгаграм-следбеници: 107 милиони

Американската комичара и ТВ-водителка лани загуби повеќе од половина милион следбеници на Инстаграм поради обвинувањата дека ги злоупотребувала своите вработени и дека создала токсична средина на работното место. Меѓутоа, таа загубата многу пати ја надомести со гледаноста на шоуто.

Тајра Бенкс (47)

Лично богатство: 90 милиони долари

Твитер-следбеници: 13,9 милиони

Поранешната американска супермоделка Тајра Бенкс загуби 240.000 следбеници на Твитер откако беа објавени нејзините изјави во кои ги понижи кандидатите во шоуто „Американски топ-модел“, каде што беше член на жирито.

EPA-EFE/NINA PROMMER

Кајне Вест (44)

Лично богатство: 1,8 милијарди долари

Твитер-следбеници: 30,6 милиони

Американскиот рапер, кој е во процес на развод со реалити-ѕвездата Ким Кардашијан, скапо ги плаќа контроверзните изјави што ги објавува на Твитер. За една година, тој загуби повеќе од милион и пол следбеници.

ФОТО: EPA / MICHAEL REYNOLDS

Лиа Мичел (35)

Лично богатство: 14 милиони долари

Инстаграм-следбеници: 6,7 милиони

Американската актерка и пејачка се повлече од социјалните мрежи извесно време минатата година кога во јавноста стигнаа изјави од нејзините колеги од сетот на серијата „Glee“ дека таа го претвори нивното снимање во пекол. Покрај стотиците илјади следбеници на Инстаграм, таа загуби и неколку спонзори и на крајот мораше јавно да се извини.

Ј.К. Роулинг (56)

Лично богатство: 820 милиони фунти

Твитер-следбеници: 13,9 милиони

Британската писателка на познатата новела за деца „Хари Потер“ повеќе верува во моќта на зборовите отколку сликите, а бројот на нејзините следбеници на социјалните мрежи тоа јасно го потврдува. Речиси 14 милиони луѓе ги следат нејзините објави на Твитер, а само 121 илјади на Инстаграм. Минатата година, таа доживеа значителен пад од 350.000 следбеници на Твитер поради непријателските објави за трансродовите луѓе.

EPA-EFE/NEIL HALL

Ванеса Хаџенс (32)

Лично богатство: 16 милиони долари

Инстаграм-следбеници: 42,5 милиони

Со непромислено коментирање за ковид-мерките и бројот на починатите од ковид-19 лани во март, американската актерка и пејачка загуби повеќе од половина милион следбеници на социјалните мрежи и го разниша својот имиџ на фината девојка од соседството.

Поврзани содржини