ПРЕМИЕРОТ ПОРАЧУВА ДА СЕ ВНИМАВА Заев потенцира дека нема премолчан договор меѓу париите за ковид-протоколите на митинзите
Проблемот е тоа што предизвикува дополнителниот број на луѓе коишто доаѓаат од страните и не ја запазуваат неопходната дистанца и целосното почитување на мерките – одговори премиерот.
Јас само ќе апелирам да се обратите до соодветните институции за да може да ви дадат точен одговор, затоа што тука сум претседател на Влада, рече премиерот Заев одговарајќи на новинарско прашање во врска непочитување на ковид-мерките за време на митинзите, и дали има премолчан договор меѓу партиите, како и надлежните институции.
– Можам да кажам дека се гледа распоредот на столчињата на митинзите кои се наместени согласно протоколите, а секако проблемот е тоа што предизвикува дополнителниот број на луѓе коишто доаѓаат од страните и не ја запазуваат неопходната дистанца и целосното почитување на мерките – одговори премиерот.
Тој потенцираше дека нема никакви договори меѓу партиите, затоа што сите си ветиле дека ќе направат сè, имајќи во предвид дека работат со граѓани кои доаѓаат самоиницијативно, но организаторите на митинзите ќе направат сè што е во нивна моќ за максимално да се почитуваат протоколите.