ВЕСКОВСКИ ОРГАНИЗИРАШЕ ХУМАНИТАРНА АКЦИЈА СО ЦРВЕН КРСТ ВО КАРПОШ Донации за ранливите, но и шанса за работа

„Освен социјалната помош што ја добиваат од државата, ние ќе создаваме можности за работоспособните лица од оваа категорија редовно да се вклучуваат во работните процеси, не само во јавниот сектор туку и во приватниот, за што ќе добијат паричен надоместок“, вети кандидатот на СДСМ за градоначалник на Карпош.

221

Кандидатот за градоначалник на општина Карпош, Душко Весковски, заедно со Црвен крст – Карпош, организираше хуманитарна акција за помош на социјално-ранливите категории на граѓани.

На настанот се придружија многубројни граѓани, со цел да им помогнат на граѓаните од социјален ризик. Освен кандидатот за градоначалник Душко Весковски, поддрпшка дадоа и советниците, како и Претседателката на ОО Карпош, Марија Мери Георгиевска.






– Целта на нашата политика и на проектитe насочени кон нашите сограѓани во социјален ризик е обезбедување поддршка и помош за овие лица, во соработка со државните институции, Црвениот крст, невладините организации и сите други засегнати страни – посочи Весковски. – Освен социјалната помош што ја добиваат од државата, ние ќе создаваме можности за работоспособните лица од оваа категорија редовно да се вклучуваат во работните процеси, не само во јавниот сектор туку и во приватниот, за што ќе добијат паричен надоместок, но пред сѐ, ќе имаат можност за подобрување на нивниот социјален живот и вклучување во општествениот живот.

Поврзани содржини