БЕЛГРАД ЈА ПРЕТВОРА МУВАТА ВО БИК Рама вели дека Србија прави театар на границата со Косово

Албанскиот премиер Еди Рама оцени дека Србија прави театарски маневри на граничните премини со Косово.

516

По средбата со косовскиот премиер Албин Курти, албанскиот претседател на Владата, Еди Рама, рече дека Србија со своето однесување ја претвора мувата во бик, односно со одлуката да не ги почитува мерките за реципроцитет што косовската држава ги воведе пред осум дена.

На прес-конференцијата Рама оцени дека Србија прави театарски маневри на граничните премини со Косово.






– Србија нема право да ги претвори регистарските таблички на возилата за општа намена во конфликтно секојдневие, а на тој начин ја претвора мувата во бик. Србија е таа што мора да ја признае реалноста и навистина е жално што наместо конкретниот напредок на дијалогот за меѓусебно признавање и евентуално ослободување на минатото, денес ние сме сведоци на театарски воени маневри на Србија на границата со суверената држава Косово – рече Рама.

Поврзани содржини