ВМРО-ДПМНЕ ЗА ОТЧЕТОТ НА ГРАДОНАЧАЛНИКОТ НА ЃОРЧЕ ПЕТРОВ Наумоски „најпосветено“ ја уништи општината
„Александар Наумоски посветено ја уништи општината, повеќе од половина мандат го помина во градските меани, наместо да работи за подобар живот на граѓаните на Ѓорче Петров“, обвинува опозицијата.
Во отчетот за „Посветено за Ѓорче“, Александар Наумоски заборави да спомене дека прво што направи за општината е зголемувањето на својата градоначалничка плата. Наумоски посветено за Ѓорче потроши 1 милион денари за јадење, пиење и за претставување на општината, си купи „БМВ Х5“ и на граѓаните на Ѓорче им рече „Па нема со магариња да патуваме“.
Ова се вели во реакцијата на опозициската ВМРО-ДПМНЕ на отчетот на досегашниот градоначалник на Ѓорче Петров, кој пак е канддидат на СДСМ за градоначалничката фотелја. Во соопштение од опозициската партија се вели:
„Наумоски е градоначалникот кој посветено си го вработи првиот братучед во Централен регистар, а вработуваше партиски по списоци на СДСМ приоритетно. Тој во изборната кампања ветуваше градинки, развој на театарската уметност, кино, отворен и затворен базен и од сето тоа изгради голема нула.
Наместо грижа за животната средина и обезбедување поквалитетен воздух за граѓаните на Ѓорче Петров, Наумоски ја намали сумата за одржување на зелени површини за половина, но затоа направи незавршено корзо од 500.000 евра на сопствениот имот, кој впрочем никој и не го користи.
Наумоски посветено донесе ДУП во Хром со исцртани нови 100 згради и наместо воздух, на граѓаните им испорача да дишат бетон.
Тој ниту го реши проблемот со депонијата во Ново Село, ниту граѓаните од Орман и Никиштане добија канализација, ниту има катни гаражи спроти пазарчето. Во 21 век Наумоски ги остави граѓаните на Кучково во сред лето на 40 степени без капка вода и со пожари кои самите ги гаснеа.
Ѓорче Петров со Наумоски е под вода, кал се излева по улиците, а автомобилите пливаат при секој дожд.
Наумоски посветено ја уништи општината, повеќе од половина мандат го помина во градските меани, наместо да работи за подобар живот на граѓаните на Ѓорче Петров.“