Обожавателите ширум светот не можат да се заситат од фотографиите на Кетрин Зита-Џонс од црвениот тепих на 73 -то доделување на наградите „Еми“!
Актерката пристигнала рака под рака со сопругот Мајкл Даглас, а нема сомнение дека тие беа едни од најзабележаните, но и најстилизирани парови во Лос Анџелес.
Иако Мајкл и Кетрин изгледаа совршено хармонично на сите фотографии, на социјалните мрежи врие од коментари дека сепак, Кетрин „го украла шоуто“ и од нејзиниот сопруг и од помладите актерки и актери. Како што пишува „ЕТ“, Даглас на црвениот тепих изјавил дека не може да поверува колку среќа има.
За оваа пригода, Кетрин одлучи да претстави совршено гламурозен стајлинг. Всушност, таа совршено се вклопила со црвениот тепих. Актерката носеше прекрасен фустан во боја на вино, без прерамки, со многу суптилно нагласено деколте и длабок шлиц што ја покажа нејзината совршена фигура. Овој модел го потпишува Кристина Отавиано, а фустанот одлично се согласувал со салонките на Кристијан Лубутин во иста бургундска нијанса.
Од накитот го избрала на Лорен Шварц: дијамантски ѓердан и прстен што одговара на остатокот од стајлингот.
Кога пристигна на црвениот тепих, ја прашаа кого најмногу сака да види на црвениот тепих, а таа шмекерски одговор::
– Секогаш ми се допаѓа да го гледам мојот номиниран сопруг на црвениот тепих. Јас сум многу горда сопруга – рече Кетрин.
Мајкл Даглас е номиран за најдобар актер во комедија и за извршен продуцент на комедијата „The Kominsky Method“.
View this post on Instagram
ФОТО: Инстаграм