СТОИЛКОВСКИ ГИ ПОВИКА ИНСПЕКТОРИТЕ ЗАЕДНО ДА ПОЈДАТ КАЈ ШИЛЕГОВ Тие треба да утврдат дали тој легално гради

Портпаролот на ВМРО-ДПМНЕ побара Шилегов да каже и кој ги изведува работите на градбата.

859

Портпаролот на ВМРО-ДПМНЕ Наум Стоилковски денеска директно во Општина Карпош во име на партијата поденсе барање до инспекторите од урбанизам и градежништво да појдат на адресата на градоначалникот на Скопје Петре Шилегов и ги повика заедно да утврдат дали тој има дозвола за градење на надградба на семејната куќа, даи таа е валидна идали има надминување на дозволеното при градењето.

– Градежните инспектори треба да утврдат и да дадат одговор дали Петре Шилегов воопшто има дозвола за надградба, дали Петре Шилегов излегува од габаритот, од она што значи детален урбанистички план за неговата парцела од 8,80 метри, односно приземје, еден кат и поткровје. Го понесов и имотниот лист на Петре Шилегов чие што менување се изврши во сабота, на четврти септември откако беше прозван. И каде што стои дека правосилност на одлука за добивање на градежното земјиште е од 03.09.2021 година. Што значи дека не го поседувал земјиштето кога го добил она одобрение за наводна реконструкција на неговиот објект – рече Стоилковски.






Стоилковски побара инсепкторите да ја утврдат фактичката состојба, за постоење на документи, за градење во рамки на ДУП, и за градење без информативна табла задолжителна според Законот за градба на која што треба да стои инвеститорот, кој е тој што гради, според кое одобрение и кога треба да заврши.

– Притоа се надевам дека Петре Шилегов ќе биде доблесен да одговори кои се фирмите кои што работат на неговата семејна луксузна зграда и дали тие фирми можеби можат да се доведат во релација со тендерите на Град Скопје, како и дали воопшто има направено финансиска трансакција кон нив или се работи за противуслуга – рече Стоилковски.

Тој информира дека комуналната инспекција ја известила ВМРО-ДПМНЕ  дека комуналните редари редовно биле на терен.

– Но не знам како ја утнале улицата „Петре Пирузе“, адресата на градоначалникот во заминување Петре Шилегов -рече Стоилковски.

Поврзани содржини