ПОЧНУВА ФЕСТИВАЛОТ НА ФИЛМСКАТА КАМЕРА Филмот „Сестри“ го отвора „Браќа Манаки“
Во рамки на фестивалот, организаторот ќе врачи „Златна Камера 300“ за животен опус на австрискиот кинематографер Кристијан Бергер и специјална награда „Камера 300“ на рускиот режисер Андреј Кончаловски.
Вечер во Битола почнува 42. издание на Интернационалниот фестивал на филмската камера „Браќа Манаки“.
Црвениот тепих за филмофилите ќе биде поставен пред пациото на битолскиот Музеј, а на филмското платно ќе биде емитуван македонскиот филм „Сестри“ кој неодамна на престижниот филмски фестивал во Карлови Вари, освои специјална награда од тамошното жири.
Во филмот на режисерката Дина Дума и кинематограферот Наум Доксевски настапуваат Антонија Белазелкоска, Миа Жиро, Ханис Багашов, Мај-Линда Косумовиќ и Верица Недеска. Филмот „Сестри“ е копродукција меѓу Северна Македонија, Црна Гора и Косово.
Во рамки на фестивалот, организаторот ќе врачи „Златна Камера 300“ за животен опус на австрискиот кинематографер Кристијан Бергер и специјална награда „Камера 300“ на рускиот режисер Андреј Кончаловски.
Најновото фестивалско издание на ИФФК „Браќа Манаки“, во градот под Пелистер се одржува под мотото „И покрај сè“.