ЗА НЕЈЗИНИТЕ СЛИКИ ЧЕСТО МИСЛАТ ДЕКА СЕ ФОТОГРАФИИ Прва самостојна изложба на уметницата Сања Јовановска

Слика со маслени бои на платно, но и на дрво, по ѕидови, маици, па дури и по еспадрили и патики. Дел од делата на Сања Јовановска ќе може да се видат на нејзината прва самостојна изложба утре (17.октомври) со почеток во 20 часот во Бифе Тафталиџе.

1

Сања Јовановска дипломирала на Факултетот за ликовни уметности во Скопје, отсек графика, под менторство на професорот Димитар Малиданов. Досега учествувала на повеќе групни изложби, но ова е нејзиното прво самостојно претставување пред публиката.
Нејзиниот ликовен израз е реалистичен, особено во портретите, во кои прецизноста и вниманието кон деталите се толку впечатливи што гледачите често помислуваат дека пред себе имаат фотографија, а не слика.

Покрај класичните подлоги, платното и дрвото, Јовановска ја пренесува својата уметност и на необични површини – од ѕидови до облека и обувки, претворајќи ги маиците, еспадрилите и патиките во мали уметнички дела.







Првата самостојна изложба е можност публиката одблизу да го запознае нејзиниот творечки свет. Изложбата ќе биде отворена утре (17 октомври) во 20 часот во Бифе Тафталиџе.

Поврзани содржини