ВАКЦИНИРАЈ СЕ, ПА ВОЗИ! Само со ковид-пропусница може да се наточи гориво во Словенија
Интересно е тоа што пумпата за полнење гориво на бензинските станции се активира само кога возачот со документи ќе докаже дека прележал корона, дека е вакциниран или дека има негативен тест не постар од 48 часа.
Возачите во Словенија од денеска нема да можат да наполнат гориво на бензинските пумпи доколку не приложат сертификат за вакцинација или потврда за прележан ковид-19. Ваквата одлука беше донесена во саботата на владина седница, а повеќето дистрибутери, вклучително и љубљански „Петрол“ кој има најмногу бензински пумпи ширум земјата, ригорозно ги применуваат новите мерки за спречување на ширењето на коронавирусот.
Интересно е тоа што пумпата за полнење гориво на бензинските станции се активира само кога возачот со документи ќе докаже дека прележал корона, дека е вакциниран или дека има негативен тест не постар од 48 часа.
Како што објавија словенските медиуми, мерката не важи за возачите во меѓународниот сообраќај кои можат да полнат гориво без никакви ограничувања, освен тоа што мора да носат маска на лицето.
Словенечката влада ја воведе оваа мерка поради влошената епидемиолошка состојба и не исклучи воведување дополнителни мерки доколку бројот на вакцинирани брзо не се зголеми и ако бројот на новозаразени и хоспитаизирани не престане да се зголемува.