ЅИРНЕТЕ ВО АВИОНОТ НА РОНАЛДО Чини 23 милиони евра, а лета со брзина од 900 км на час
Авионот на Роналдо има гардероба, безжичен интернет, телефон, факс, електрична печка, микробранова печка, како и фрижидер. Се претпоставува дека Кристијано со помош на овој авион отпатувал од Португалија во Манчестер, каде започнал петдневна изолација во својата вила вредна неколку милиони евра.
Кристијано Роналдо ова лето направи сите да пишуваат повторно за него, влезе во Гинисовата книга на рекорди во дресот на Португалија, а на клупско ниво го замени „Јувентус“ со враќањето во „Манчестер јунајтед“.
Но, за него многу се пишува и за она што го прави надвор од теренот, како на пример каква е исхраната на Кристијано Роналдо, а сега се откри и каков авион поседува.
Роналдо го купи суперлуксузниот авион „Gulfstream G200“ кој чини 23 милиони евра, а достигнува брзина од 900 километри на час, открива британскиот Сан.
Овој двомоторен авион може да превезува до четири патници, како и мал екипаж и тоа на оддалеченост од преку 6.000 километри. Распоредот на седење може да се прилагоди за сместување на 10 патници.
Авионот на Роналдо има гардероба, безжичен интернет, телефон, факс, електрична печка, микробранова печка, како и фрижидер. Се претпоставува дека Кристијано со овој авион отпатувал од Португалија во Манчестер, каде започнал петдневна изолација во својата вила вредна неколку милиони евра.
„G200“ за првпат беше лансиран во 1999 година, беа произведени околу 250 различни авиони, а производството беше прекинато пред 10 години, кога „G280“, нов модел, стана најпопуларниот авион од ваков тип.
Фотографиите од авионот видете ги тука.