ИМА ЖРТВИ ВО ПОЖАРОТ ВО КОВИД ЦЕНТАРОТ ВО ТЕТОВО Министерството за здравство ја потврди страшната вест

Извори од болницата велат дека последна бројка на пациенти во  ковид центарот била меѓу 20  и 26 лица.

955

Има загинати во страотниот пожар што ја зафати модоларната болница во Тетово,  потврди Министерството за здравство. Оттаму додаваат дека се уште се утврдува бројот на починати и повредени, а  медицински тимови се подготвени да им помогнат на преживеаните. Повредените итно се пренесуваат  во Скопје.

Извори од болницата велат дека последна бројка на пациенти во  ковид центарот била меѓу 20  и 26 лица. Тоа го потврдуваат и очевидци.






Информацијата ја потврди и министерот за здравство Венко Филипче

„Страотна несреќа се случи во Тетово каде има и жртви во пожарот кој го зафати Ковид центарот. Точниот број на лица кои го загубиле животот, повредените и нивната состојба се утврдува во моментов. Пожарот е веќе изгаснат и сите тимови од болницата се мобилизирани да дадат помош на повредените. Тие итно се траснспортираат во Скопје за да им се даде соодветна нега, тимовите на Клиника се мобилизирани. Наскоро ќе излеземе со нови информации“, напиша Филишче на Твитер.

Пожарот официјално е изгаснат. Полицијата ги отстрани присутните и во секој момент се очекува да почне увидот кој треба да ја утврди причината за пожарот.

Повеќе од 30 пожарникари кои интервенираа со седум возила за речиси половина час го изгаснаа пожарот.

Како што изјави заменик-командирот на тетовската противпожарна единица, Сашо Трајчевски, пламените јазици биле огромни, а од болницата се ваделе и жртви, но тоа се очекува да биде и официјално потврдено.

-Во 21 часот и две минути е пријавено дека гори модуларната болница во Медицински центар – Тетово. Екипите за три-четири минути пристигнаа на лице место со околу седум возила и над 30 пожарникари учествуваме од двете страни. Екипите кога пристигнаа, се беше во пламен. Тоа е внатрешно, не е надворешно. Се што е од наша страна употребено во 21,30 часот е локализиран пожарот. Во 21,45  часот е ликвидиран комплетно. Додека се гасеше пожарот, пламените јазици беа огромни, модуларната болница е се со пластика, се вадеа и жртви. Не може да го знаеме бројот, се уште немаме евиденција да видиме колку се, што се. Мислам дека има уште една жртва онде што седи, таа е проверена, најверојатно е и почината. Но, има служби што работат на тоа и треба да утврдат од што е и како. Ние не можеме за тоа да даваме информации. Службите ќе го средат тоа – изјави Трајчевски.

Според него, пожарот е изгаснат моментално, а употребени биле сите расположливи средства.

Поврзани содржини