РИЈАЛИТИ ЅВЕЗДАТА ПОВТОРНО Е БРЕМЕНА Еве како Кајли Џенер ја шокираше мајка си (ВИДЕО)

450

Ријалити ѕвездата Кајли Џенер синоќа на Инстаграм ја објави веста за нејзината втора бременост. Во видеото од 90 секунди, младата 24-годишна претприемачка вели дека очекува бебе со своето момче, раперот Тревис Скот.

Старлетата и раперот веќе ја имаат тригодишната ќерка Сторми Вебстер.






Кајли Џенер е основач на линијата за убавина „Kylie Cosmetics“, која е во мнозинска сопственост на производителот на козметика „Coty Inc.“ Видеото започнува со снимката на позитивниот тест за бременост, а потоа ги прикажува Кајли и нејзиното момче како одат на гинеколог на ултразвук.

Следните сцени го прикажуваат роденденот на младата ријалити ѕвезда, а потоа и ќерката Сторми која го бакнува стомакот на мајка си.

„Дали си бремена?“, ја прашува во видеото мајката на Кајли, Крис Џенер, гледајќи ги снимките од ултразвукот и додавајќи дека ова е еден од најсреќните денови во нејзиниот живот.

Американските медиуми пишуваа за наводната бременост уште во август оваа година, но првата потврдена вест пристигна дури синоќа.

Кајли Џенер на Инстаграм ја следат 265 милиони луѓе, а видеото го погледнаа повеќе од 50 милиони луѓе за осум часа.

 

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Kylie 🤍 (@kyliejenner)

ФОТО: Инстаграм

Поврзани содржини