Во тек е Филмскиот фестивал на Венеција, на кој 21 филмско остварување ќе се бори за престижната награда.
Бројни ѕвезди од целиот свет дефилираат на црвениот тепих на фестивалот, а секојдневно имаме можност да сведочиме и на гламурозните креации.
Последното дефиле на славните ѕвезди Оскар Ајзак и Џесика Честејн на црвениот тепих предизвика бурни реакции.
Актерот Оскар Ајзак на црвениот тепих на Филмскиот фестивал во Венеција направи таква сензација која стана главна тема на социјалните мрежи.
Згодниот актер пред камерите и фоторепортерите позираше со својата колешка Џесика Честејн.
View this post on Instagram
Прекрасните сцени кои ги преплавиле социјалните мрежи настанале кога таа ја префрлила својата рака преку неговото рамо, а тој во тој момент се свртил кон нејзиниот рака и почнал да го бакнува.
Оваа сцена изгледала многу заводливо поради тоа што двајцата изгледале вљубено и таква атмосфера им пренеле на сите, меѓутоа сето тоа било само шега, односно многумина велат дека тоа е дел од добриот маркетинг за нивниот претстоен филм.
Инаку, и Џесика и Оскар во Венеција пристигнаа со своите брачни партнери.
View this post on Instagram
ФОТО: Инстаграм