ДОМА СУМ КРАЛИЦА, А ВО ЕКВАДОР СУМ УЧЕНИК Илина Арсова го искачува највисокиот вулкан во светот (ФОТО)

Во моментов Илина се наоѓа во Еквадор, каде го искачува еден од највисоките активни вулкани во светот, Котопакси (5.911 метри), чиј врв е постојано покриен со мраз.

1,417

Илина Арсова, првата Македонка која ги качи седумте највисоки врва на седумте континенти, во моментов се наоѓа во Еквадор, каде го искачува еден од највисоките активни вулкани во светот, Котопакси (5.911 метри), чиј врв е постојано покриен со мраз.

Таа со своите следбеници на Инстаграм сподели повеќе фотографии на кои покажува како изгледа нејзиниот подвиг, а под нив напиша:






„Во Македонија можеби сум кралица на планините, но овде во Еквадор уште учам“, заблагодарувајќи им се на сите од нејзиниот тим, велејќи дека секојдневно ги поместуваат границите кои се познати во планинарењето.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Ilina Arsova (@ilina_arsova)

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Ilina Arsova (@ilina_arsova)

Илина во 2006-тата година го искачи Монблан, во 2013 година стана првата жена од Македонија што го искачила Монт Еверест, а во 2019 година, таа се искачи на врвот Винсон на Антарктик со што ја заврши мисијата „седум врвови“.

Поврзани содржини