ПО ТРИ НЕДЕЛИ НЕМА ПОЧИНАТИ ОД КОВИД ВО ТЕТОВО Намален е бројот и на хоспитализирани

Пред две недели  во болницата во Тетово имаше 10 смртни случаи за едно деноноќие.

546

Во тетовската клиничка болница во изминатите 24 часа нема починат пациент од ковид-19. Намален е и борјот на хоспитализирани пациенти.

– За прв пат после повеќе од три недели при евиденција на 24 часовните период немаме починат пациент меѓу хоспитализираните. Има нови девет примени на болничко лекување, а 13 се пуштени дома. Сега има вкупно 84 хоспитализирани од кои 82 се на кислородна поддршка. Бројот на прегледи во амбуланта изнесува 135 – вели  д-р Миранда Пајазити.






Пред две недели  во болницата имаше 10 смртни случаи за едно деноноќие. На карајот на август,пак, на болничко лекување имаше 116 заболени од ковид-19.

 

Поврзани содржини