НОЛЕ СЀ ПОБЛИСКУ ДО ЦЕЛТА Србинот се пласираше во четврфиналето од УС Опен
Во четвртфиналето Ѓоковиќ ќе се соочи со Италијанецот Матео Беретини.
Првиот светски рекет Новак Ѓоковиќ ноќеска во четвртото коло на УС Опен го порази Американецот Џенсон Бруксби со 3:1. Србинот го изгуби првиот сет 1:6, а потоа доминираше на теренот (6:3, 6:2, 6:2). Мечот траеше безмалку три часа.
Ѓоковиќ направи девет аса и една двојна грешка, а исто така реализираше шест брејк топки од 12 можности. Американецот сервира четири аса и една двојна грешка, искористи три брејк-поени од 11.
Во четвртфиналето Ѓоковиќ ќе се соочи со Италијанецот Матео Беретини.
Наградниот фонд на Грен слемот во Њујорк изнесува 57,5 милиони долари.