МИЦКОСКИ НАЈАВИ ПОБЕДА НА 17 ОКТОМВРИ Нова влада ќе има меѓу двата изборни круга
Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ вечерва говореше пред жителите на Ѓорче Петров.
Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, вечерва во Ѓорче Петров најави дека неговата партија ќе победи на претстојните локални избори.
– Победата на 17 октомври во првиот круг на опозицијата предводена од ВМРО-ДПМНЕ подразбира нова влада, подразбира пад на оваа криминална владата меѓу двата круга, односно веќе во периодот меѓу 17 и 31 октомври – рече Мицкоски.
На настанот е промовиран Александар Стојкоски за кандидат за градоначалник на Ѓорче Петров, а присуствува и кандидатот за прв човек на Скопје Даниела Арсовска.