МАРИЧИЌ НАЈАВИ ИЗМЕНА НА ЗАКОНОТ Прашање е дали ќе стигнат сите фингерпринт апарати

Министерот за правда рече дека владата на време направила законска измена и обезбедила пари за набавка на апаратите, а сега се е во рацете на ДИК.

531

Мнистерот за правда Бојан Маричиќ смета дека многу посоодветно е да се направи и корекција во законот и да се овозможи верификација на идентитетот на гласачот како и досега, ако навреме не стасаат апаратите за отисок на прст.

– Всушност го предвидовме и стариот начин на идентификација гласачи, но онаму каде ќе има техничка неможност да се користи фингерпринтот, односно веќе оставивме алтернатива – нагласи Маричиќ, во гостувањето на ТВ21.






Тој додаде дека доколку не се стаса за овие, апаратите ќе се употребат за наредните избори.

– Ние на време направивме законска измена и обезбедивме средства како Влада, а сега се е во рацете на ДИК. Мислам дека е можно да се имплементира системот до почетокот на изборите. Ако не, ќе треба да се направи промена во методот на идентификација на гласачот – изјави министерот за правда.

Според Маричиќ, изборите не треба да се одложат, бидејќи така и мандатите на градоначалниците ќе бидат продолжени, иако досега сме имале такви искуства.

– Државата е подготвена за фер и демократски избори. Во последните четири години имаме успешна слика за тоа како организираме избори – рече Маричиќ.

Попладнево во ДИК пристигнаа првите 200 терминали за читање отпечатоци од германската компанија „Дермалог“. Германската компанија треба да испорача вкупно 4 000 уреди. Тие треба да пристигнат во четири пратки од по 950 во наредните четири недели.

Поврзани содржини