ОТКРИЕНА ОПЕРАЦИЈАТА „ЛОДОНСКИ МОСТ“ Еве што ќе се случи во Британија кога ќе умре кралицата Елизабета
Документите, всушност, укажуваат на извонредно ниво на подготвеност што се бара од сите државни актери, предвидувајќи обемна безбедносна операција за управување со големите маси и патничкиот хаос што може да настане, се вели во официјалното писмо.
Планот на британската влада за тоа што ќе се случи во деновите по смртта на кралицата Елизабета Втора, познат како Операција „Лондонски мост“, конечно стана достапен за јавноста, откако долго време беше затскриен во тајност.
Со години се појавија извадоци од тој „таен план“, а сега весникот Политико дојде до документи кои детално објаснуваат како Британија ќе реагира кога ќе дојде тој ден.
Кралицата, која има 95 години, се чини дека е во добра здравствена состојба и нема индикации дека овие планови биле итно ревидирани.
Сепак, најновите планови изработени од владината канцеларија за операцијата „Лондонски мост“ вклучуваат дискусија за пандемијата со коронавирусот.
Документите, всушност, укажуваат на извонредно ниво на подготвеност што се бара од сите државни актери, предвидувајќи обемна безбедносна операција за управување со големите маси и патничкиот хаос што може да настане, се вели во официјалното писмо.
Тоа е детален 10-дневен план за периодот помеѓу смртта на кралицата и нејзиниот погреб.
Имено, во првите неколку часа по смртта на кралицата, ќе се случи „каскада на повици“ кога премиерот, секретарот на Владата и највисоките министри и функционери ќе бидат известени за смртта на кралицата.
Внатрешно, тој ден ќе се вика „Ден Д“, а секој нареден ден до погребот ќе се вика „Д + 1“, „Д + 2“ итн.
Кралското семејство ќе издаде „официјално известување“, со што ќе ја достави веста до јавноста.
По добивањето на оваа информација, знамињата низ Вајтхол ќе бидат спуштени на половина копје, а целта е тоа да се направи во рок од десет минути.
Во деновите пред погребот, новиот крал Чарлс ќе патува низ Обединетото Кралство за да прими сочувство.
Погребот е закажан за 10-от ден по смртта на кралицата во Вестминстерската опатија во Лондон.