ПРОДОЛЖУВА СЕРИЈАТА ЗАЕВ ПРОТИВ МАКСО Тие што ќе гласаат за Димитриевски, нема да бидат исклучени од СДСМ

„Како претседател на СДСМ очекувам, ако сте член на партијата, да гласате за нашите понуди за градоначалници, граѓаните може да гласаат за кого сакаат. Тој тргна сам против себе и верувам дека Максим ќе биде најголемиот губитник“, рече Заев.

2,181

Лидерот на СДСМ Зоран Заев смета дека со одлуката кумановскиот градоначалник Максим Димитриевски да се кандидира како независен кандидат на локалните избори, тој самиот ќе биде најголемиот губитник, бидејќи тргнал против себе. По најавата за исклучување на Димитриевски од партијата, Заев вели дека нема да ги исклучат и членовите на СДСМ кои ќе гласаат за кумановскиот градоначалник.

– Граѓаните, членовите на партијата, дури и функционерите, може да гласаат како што тие мислат. Не негираме и не спречуваме некој да биде независен, но статутот го регулира тоа дека не може истовремено да сте СДСМ и да се борите против СДСМ. Логиката е јасна и едноставна, не треба да сте посебно политички упатен за да го сфатите статутот. Ако тргнете против СДСМ, не може да бидете СДСМ. Веќе кажав, Максо тргна против Максо. Одлуката е негова, тој така одлучи и апсолутно е свесен за сите консеквенции и готово. Како претседател на СДСМ очекувам, ако сте член на партијата, да гласате за нашите понуди за градоначалници, граѓаните може да гласаат за кого сакаат. Тој тргна сам против себе и верувам дека Максим ќе биде најголемиот губитник – рече Заев.

Поврзани содржини