ДИМИТРИЕВСКИ САКА ДА ГО ПРОМЕНИ СДСМ Заев треба да каже зошто во континуитет некому прави отстапки

Социјалдемократот кој се кандидира за независен кандидат за локалните избори и го поттикна гневот на неговите сопартијци вели дека е против дворските и византиските игри и дуализмот во СДСМ.

2,073

Максим Димитриевски актуелниот градоначалник на Куманово вели дека ќе направи се суштински да ја промени СДСМ бидејќи голем број на членови не се согласуваат со политиките на раководството, а лидерот Зоран Заев во континуитет им прави отстапки.

– На последниот конгрес имавме заклучок дека токму различноста во партијата ќе се негува, а видовме со пример како се негува денеска таа различност. Јас ќе направам се да ја променам суштински самата партија одвнaтре, заедно со членовите, бидејќи има голем број на членови коишто не се слагаат со ваквите политики на актуелното раководство или на поединци коишто го имаат узурпирано актуелното раководство, а на коишто претседателот Заев им прави во континуитет отстапки. На што се должи тоа, самиот ќе треба да објасни – изјави Димитриевски за Сител.






Тој повтори дека не може да биде сам против себе.

– Максим не може да биде против Максим, но сум против дворските и византиските игри и дуализмот. Сведоци сме дека рејтинзите и анкетите во партијата не одлучија за мојата кандидатура. Се работи за внатрепартиска работа. СДСМ не може да функционира како акционерско друштво – рече Димитриевски.

Димитриевски е во неколкудневен вербален конфликт со челниците на СДСМ, откако се кандидира како нецависен кандидт за Куманово со независнка советничка листа.

Поврзани содржини