ПРВИ СЛУЧАИ НА КОВИД ВО СКОПСКИ УЧИЛИШТА Две деца се позитивни, а трето чека резултат од тестот
Два класа се во изолација а се во основните училишта „Ѓорѓија Пулевски“ во Аеродром и „Кирил Пејчиновиќ“ во Кисела Вода.
Во две скопски училишта два класа се веќе во изолација поради потврдени случаи на ковид-19. Станува збор за по еден клас во основните училишта „Ѓорѓија Пулевски“ во Општина Аеродром и „Кирил Пејчиновиќ“ во Кисела Вода.
Веста ја објави телевизија Сител која тврди дека е потврдена од надлежните.
Ученичка од петто одделение од основното училиште „Ѓорѓија Пулевски“ вчера добила позитивен тест на ковид-19. Поради тоа во двонеделна изолација ќе оди целиот клас од одделението. Веќе е направена епидемиолошка анкета со останатите ученици.Според одлуката која ја добило училиштето доколку некое од соучениците е прележано или вакцинирано ќе може да доаѓа на настава, вакцинирана е наставничката која им предавала така што таа ќе продолжи да оди на работа и ќе им предава на учениците онлајн.
Во основното училиште „Кирил Пејчиновиќ“ две деца од 9 одделение од исто одделение вчера пројавиле симптоми на ковид -19. Директорот на училиштето ја потврдил веста.
Едното од децата веќе има добиено позитивен тест и неговите соученици ќе одат во изолација, а за второто дете сѐ уште се чекаат резултати од тестирањата.