ПОТОП НА УС ОПЕН Публиката евакуирана, мечот прекинат ВИДЕО

Силно невреме го погоди Њујорк, па иако беше затворен терен, натпреварот мораше да се прекине, а публиката беше евакуирана од стадионот.

552

Натпреварот од второто коло на УС Опен помеѓу Диего Шварцман и Кевин Андерсон беше прекинат бидејќи се поплави стадионот „Луис Армстронг“.

Силно невреме го погоди Њујорк, па иако беше затворен терен, натпреварот мораше да се прекине, а публиката беше евакуирана од стадионот. Водата навлезе во внатрешноста на стадионот, па публиката ги почувствува последиците.






Навивачите беа евакуирани и од стадионот „Артур Еш“, бидејќи водата успеа да навлезе во трибините до покривот.

Андерсон и Шварцман подоцна го продолжија натпреварот на стадионот „Артур Еш“, а пласман во следната рунда обезбеди Шварцман по 7: 6, 6: 3, 6: 4.

Поврзани содржини