МАКЕДОНСКИ АСТРОНАУТ ВО ВСЕЛЕНАТА Чија е оваа мисија? (ВИДЕО)

Какви вештини можете да научите, па дури да ја освоите и вселената.

7,123

Лансирањето на ракетата АНГАРА 5, кое беше јавно најавено и планирано за 2024 година, сепак можеби се случило пред само неколку дена. Според Европската вселенска агенција (ESA) постои информација за тест-лансирање во август, но дали е ова само тест или вистинско лансирање, останува да дознаеме.

Пред неколку дена се појавија тајни информации за Руската вселенска програма. Федералната вселенска агенција на Русија или РОСКОСМОС е владина агенција одговорна за вселенската програма и генералните вселенски истражувања на Русија. Штабот е сместен во Москва и ја одржува главната контрола на мисиите, летачките операции и оперативниот центар.






За овие информации постојат објавени снимки кои се шират преку разни социјални платформи, на кои може да се забележи ракетата. Се претпоставува дека локацијата за лансирањето е непозната, но според снимките се шпекулира дека е некаде во Јужниот дел на Русија. Снимките се најверојатно направени од руски работник кој бил ангажиран на платформата на ракетата.

Тоа што е интересно се знамињата кои се гледаат на платформата, но и на самата ракета. Меѓу нив покрај руското и американското знаме, се забележува и македонското. Познато е дека Русија и САД соработуваат во вселената и при разни мисии, но мистеријата за македонското знаме засега е неоткриена.

Доколку се провери активната листа на астронаути, постои запишан македонски астронаут по име Марјан Спировски. Активната листа може да се провери на следниот линк, но се чини дека е отстранет од интернет мрежата или пак можеби сепак го чуваат во тајност http://www.spacefacts.de/english/e_active.htm

Во јули годинава повеќе медиуми објавија најави за испраќање астронаут од Северна Македонија во вселената, а такво нешто изјави лидерот на бугарската партија Има таков народ, Слави Трифонов, како дел од неговата изборна кампања. Во дел од програмата на бугарската партија ИТН на Трифонов, пишува дека партијата ќе ја внесе Бугарија во Европската вселенска агенција, а со вклучување на македонски астронаут ќе се подобрат меѓусоседските односи помеѓу двете држави.

Во очекување на официјални информации за македонскиот космонаут и неговиот лет во вселената останува мистеријата – чија е оваа мисија?

Поврзани содржини