ПРВАЧИЊАТА ПРЕЧЕКАНИ ОД СТОМАЧНА ТАНЧАРКА Училишната година во Русија започна со танц (ВИДЕО)

Децата првачиња во едно училиште во Русија ги дочекала, ни помалку ни повеќе, стомачна танчарка.

541

Во руско училиште во Хабаровск, на првиот училишен ден првачињата биле пречекани со танц од стомачна танчарка.

На социјалните мрежи се појави видео каде се гледа професионална танчарка како игра традиционален источен танц, пред многу ученици во училиштето.






Оваа постапка кај многумина предизвикала бес, бидејќи присутните сметале дека ваков вид на танц не е за во училиште пред првачиња, а останатите не можеле да престанат да се смеат на перформансот.

Снимката стана вирална на социјалните мрежи, а училиштето доби поинаков вид на реклама.

Поврзани содржини