ГРЦИЈА СЕ СТРЕСЕ Силен земјотрес во Коринт, почувствуван и во Атина
Епицентарот бил на 21 километар југоисточно од Коринт на Пелопонез, на длабочина од 6 километри, а засега нема информација за евентуалната штета, соопшти пожарникарната служба.
Неколку минути по полноќ, земјотрес со јачина од 4,1 степен ја погодил областа околу грчкиот град Коринт, соопшти атинскиот Геодинамички институт.
Земјотресот бил почувствуван и во Атина, која е оддалечена околу 60 километри.
Епицентарот бил на 21 километар југоисточно од Коринт на Пелопонез, на длабочина од 6 километри, а засега нема информација за евентуалната штета, соопшти пожарникарната служба.