ГРЦИЈА БЕГА ОД ПРЕСПАНСКИТЕ ОБВРСКИ Ќе објасни ли Дендиас зошто Атина не потпишува три меморандуми за соработка со Скопје?

Дојче Веле ги анализира македонско-грчките односи во светлината на претстојаната средба на шефовите на дипломатиите на двете земји во Скопје.

1,029

По повеќе од три години, Северна Македонија согласно договорот го промени официјалното име на државата, по што следеше промена на таблите и имињата на државните институции, започна отстранувањето на сонцето од Вергина, а од 1 јули започна и издавањето на документи со новото име на државата. Но, како тече имплементацијата на обврските од договорот во Грција?

Ова прашање го поставува Дојче Веле, во анализата пред посетата на грчкиот министер за надворешни работи Никос Дендиас на Скопје. Негов домаќин ќе биде министерот за надворешни работи, Бујар Османи. Предвидено е министрите да дискутираат за билатералните односи, за напредокот во развојот на стратешкото партнерство, случувањата во регионот, посебно од аспект на неговите интегративни процеси, како и во случувањата пошироко во светот, со посебен осврт на најновите ангажмани во борбата за справување со пандемијата и состојбите во Авганистан.






Според најавите, двајцата министри се очекува да стават на маса – што досега е реализирано, а на што треба да се фокусираат во наредниот период, како обврска преземена со потпишувањето на Преспанскиот договор меѓу двете земји.

Дојче Веле се осврнува на отпорите на Атина за ратификација на трите меморандуми што поранешниот премиер Алексис Ципрас ги потпиша на 2 април 2019 година. Станува збор за меморандуми за економската соработка меѓу двете земји, забрзувањето на македонските европски интеграции и контрола на македонскиот воздушен простор.  „И навистина се прашувам каде се скрија сите оние кои тогаш со омраза се бореа против договорот што ги бранеше и ги брани националните интереси. Но денес, самиот господин Мицотакис кој тогаш беше во првите редови на оваа борба, од една страна изјавува дека го почитува договорот, но од друга страна, покажувајќи политички кукавичлук и лицемерие, ги одложува на неодредено меморандумите за соработка со Северна Македонија, меморандуми кои го штитат националниот интерес, бидејќи обезбедуваат грчките воени авиони да бидат тие кои ќе го надгледуваат воздушниот простор на нашата соседна земја“, рече неодамна Ципрас.

Грчкиот весник „Катимерини“ кон крајот на јуни објави дека Атина ќе ја одложи ратификацијата на трите меморандуми поради „твит“ на премиерот Зоран Заев за време на натпреварот С. Македонија – Холандија во Амстердам. Со тоа ратификацијата на меморандумите наместо во јули, ќе се случи во септември. Заев на Твитот напиша „македонска фудбалска репрезентација“, по што Грција го повика на целосно почитување на Преспанскиот договор во врска со името на земјата, вклучувајќи ги и меѓународните спортски натпревари. На овој „твит- инцидент“ му претходеше и посета на Заев на турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган во Анкара, која Грција официјално не ја коментираше, а македонската јавност од неа не дозна ништо. Дали Заев од Ердоган побарал или добил и нешто друго што на Грција не ѝ се допадна – остана непознато, а формално целата посета се сведе на подарок од 30.000 вакцини, анализира Дојче Веле.

Поврзани содржини