ПОЕКСТРЕМНИ И ОД ТАЛИБАНЦИТЕ Која е групата ИС-К и како се врзани со Исламска држава?
ИС-К се обвинети за некои од најлошите злосторства во последните години. Напади врз женски училишта, болници, а според некои извори, имаат стрелано бремени жени и медицински сестри. Толку се екстремни што влегоа во конфликт со самите талибанци и во иднина можат да бидат закана за новата шеријатска држава.
Огранок на групата Исламска држава под името ИС-К е можниот виновник за двата ненадејни самоубиствени напади на аеродромот во Кабул. Но, кои се ИС-К? Веројатно најекстремната џихадистичка група во Авганистан која регрутира дезертери талибанци кои сметаат дека сегашната власт не е доволно екстремна во своите постапки, истражува Би-Би-Си.
ИС-К или со подолгото име, провинција Хорасан на Исламската држава беше формирана уште во јануари 2015 година, во екот на конфликтот во Сирија, кога ИД уште имаше голема моќ. Подоцна Исламска држава беше размонтирана од американските сили, но фракцијата продолжи да постои со свои бази во Авганистан, но и во Пакистан.
Како што тргнале, незадоволните ИС-К можат да бидат закана и за самите талибанци.
Поекстремни од талибанците и од Хаканите заедно
ИС-К се обвинети за некои од најлошите злосторства во последните години. Напади врз женски училишта, болници, а според некои извори, имаат стрелано бремени жени и медицински сестри.
За разлика од талибанците, чиј интерес е ограничен само на Авганистан, ИС-К се дел од глобалната мрежа на Исламска држава. Затоа, тие се обидуваат да изврши напади врз западни, меѓународни и хуманитарни објекти или бази, секаде каде што можат да стигнат до нив.
Каде се наоѓаат?
ИС-К се сместени во источната провинција Нангархар, близу патиштата за шверц на дрога и луѓе во и надвор од Пакистан.
Во својот врв, групата броеше околу 3.000 борци, но претрпе значителни жртви во судирите со американските и авганистанските безбедносни сили, а беа и во судир со самите талибанц.
Дали се поврзани со Талибанците?
Само посредно, преку трета страна, а тоа е мрежата Хакани.
Плусинфо веќе објави за Хаканите кои од независна група успеаја да стигнат до врвот во талибанската власт. За главата на нивниот водач, Халил Хакани, американците даваа награда од 5 милиони долари. Хаканите се силно поврзани со ИС-К, но и со талибанците.
– Неколку големи напади помеѓу 2019 и 2021 година вклучуваат соработка помеѓу „ИС-К“, талибанската мрежа Хакани и други терористички групи со седиште во Пакистан – вели д-р Саџан Гохел од фондацијаа Азија Пацифик кој со години ги истражува овие групи.
Со други зборови, големите напади, меѓу кои и последните во Кабул се правени од мешавина на луѓе и групи. Дека тоа е така, потврдува и фактот дека кога на 15 август талибанците го презедоа аеродромот во главниот град, групата ослободи голем број затвореници од затворот Пул-е-Чарки, а дел од нив, се сметка дека биле милитанти на ИД и на Ал Каеда. Овие луѓе сега се на слобода.
ИС-К ќе бидат закана за новата шеријатска држава
„ИС-К“ се толку екстремни што тие ги обвинуваат талибанците дека го напуштиле вистинскиот џихад и дека почнале да преговараат со Американците во „раскошни хотели“ во Доха, Катар.
Тие ќе бидат закана за новата шеријатска држава и за талибанците, и затоа талибанците ќе бидат приморани да соработуваат со американските разузнавачки служби за евентуално да ги сузбијат во иднина.