КОЈ Е НАЈДОБАР СВЕТСКИ ЛИДЕР Ангела Меркел го зазема победничкиот престол
Ангела постигна позитивна оценка од +61 во Шпанија, +49 во Франција и +30 во Германија.
Речиси 16 години откако стана канцелар на Германија и околу еден месец пред да ја напушти функцијата, популарноста на Ангела Меркел во пет големи европски земји и САД е сè уште поголема од кој било друг актуелен светски лидер, покажува новата анкета.
На прашањето од страна на ЈуГов, дали имаат позитивно или негативно мислење за Меркел, која се пензионира следниот месец по четири мандати, повеќе испитаници одговориле позитивно отколку негативно, во сите шест анкетирани земји, пренесува Гардијан.
Канцеларката која од 2005 работеше со четворица претседатели на САД и на Франција, пет британски премиери, осум италијански шефови на влади, постигна позитивна оценка од +61 во Шпанија, +49 во Франција и +30 во Германија.
Мислењето во Италија, САД и Британија беа нешто помалку позитивни, 23, 17 и 15, но тоа е повеќе од другите светски лидери.
Само американскиот претседател Бајден, осум месеци по преземањето на функцијата, сè уште има корист од ефектот „не е Трамп“ и може да добие позитивна оценка со која може да ѝ парира на Меркел.
Сепак, оваа анкета беше спроведена пред почетокот на хаотичната евакуација од Авганистан, што сигурно би донела негативни поени за него.
Канадскиот премиер Џастин Трудо исто така постигна позитивен резултат, додека францускиот претседател Емануел Макрон беше оценет позитивно само во две земји, Германија и Шпанија.
Останатите лидери, кинескиот претседател Си, рускиот претседател Путин, премиерите на Индија, Велика Британија, Моди и Џонсон, добија негативни оценки од сите шест земји.
Британскиот премиер постигна -22 поени во Британија, -40 во Италија, -53 во Германија, -24 во Франција, -48 во Шпанија и -2 во САД.
Најмалку популарен светски лидер, според резултатите кои ги сподели британскиот весник е Си Џипинг, со негативен рејтинг од -55.