„ПОИНАКУ“ СЕ ПОДБИВА СО СДСМ Собравме потписи, па еве, да се олабавиме малку во новиот базен во Битола (ФОТО)
За само шест часа, независната иницијатива Поинаку собра 401 потпис за кандидатурата за локалните избори во Битола.
– Бидејќи вчера во рекордно време ги собравме потребните потписи и се „уморивме“, денеска си зедовме за право малку да „олабајме“ во новиот базен во Битола – напиша Поинаку на Фејсбук.
И самите можете да заклучите како изгледа „новиот базен“ во овој град.