ОСОВРЕМЕНЕТА ЛАБОРАТОРИЈАТА НА СТАНИЦАТА ЗА ОТПАДНИ ВОДИ – ВОЛКОВО Набавена печка за жарење
Печката за жарење во лабораторијата во ПСОВ – Волково, овозможува изработка на анализи на високи температури до 1200°C и истата е изработена од квалитетен не’рѓосувачки челик со двојна обвивка и прилагодлив влез на воздух.
ЈП Водовод и канализација – Скопје соопшти дека набавува печка за жарење наменета за лабораторијата за Пречистителната станица за отпадни води – (ПСОВ) – Волково, која следува по набавката на хибридниот дигестор, киселинско-базно отпорен заштитен кабинет кој ги апсорбира сите испарливи гасови што се дел од голем број хемиски реакции и е предуслов за безбедно лабораториско работење.
Печката за жарење во лабораторијата во ПСОВ – Волково, овозможува изработка на анализи на високи температури до 1200°C и истата е изработена од квалитетен не’рѓосувачки челик со двојна обвивка и прилагодлив влез на воздух. Таа овозможува изработка на голем број на анализи и истражувања, преку кои може да се обезбедат информации потребни за оптимизација на работата на постројките за третман на отпадни води и активна контрола на процесот на пречистување.
За пречистување на отпадната вода се применува современа SBR технологија. Процесот на прочистување е целосно автоматизиран и истиот може во целост да се следи преку комјутерски SCADA систем. Ефлуентот од ПСОВ Волково се пречистува според барањата на Директивата на ЕУ за урбана отпадна вода (91/271/EEC, 98/15/EC) за чувствителни подрачја.
Пречистителната станица за отпадни води – Волково, која работи во рамки на ЈП Водовод и канализација – Скопје, е наменета за чистење на комуналните отпадни води кои доаѓаат од собирното подрачјето на населбите Кисела Јабука, Стопански Двор и Волково. Најголем придонес од проектот ПСОВ – Волково е заштитувањето на подземните води и на водите што се користат како резервен водоснабдителен систем за градот Скопје (бунарското подрачје Нерези-Лепенец).