УНГАРИЈА ЌЕ ЈА ПРОИЗВЕДУВА СПУТНИК V Трансферот на технологијата ќе биде готов до крајот на оваа година
До крајот на оваа година ќе можеме да го завршиме процесот на трансфер на технологија, а до крајот на 2022 година ќе биде можно да се произведе вакцината „Спутник V под руска лиценца - рече Сијарто.
Унгарија очекува да ги добие потребните технологии до крајот на оваа година и да започне со производство на руската вакцина „Спутник V“ до крајот на 2022 година, изјави министерот за надворешни работи Петер Сијарто на заедничка прес-конференција по разговорите со шефот на руската дипломатија Сергеј Лавров.
– До крајот на оваа година ќе можеме да го завршиме процесот на трансфер на технологија, а до крајот на 2022 година ќе биде можно да се произведе вакцината „Спутник V под руска лиценца – рече Сијарто.
Според него, на овој начин може да се намали ранливоста на земјата, како и да се искористат придобивките од надворешната политика преку испорака на вакцини на странски пазари.
Производствениот погон на „Спутник V“ ќе се гради во градот Дебрецен.