ПОЖАР ПЕПЛОСА КУЌА ВО ПРЖИНО Повреден сопственикот во обид да го изгаси пожарот (ВИДЕО)
Со изгореници се здобил сопственикот на куќата кој се обидувал да го изгасне пожарот, екипа на Брзата помош му пружила итна медицинска нега, но неговата здравствена состојба и степенот на изгореници не се познати.
Целосно изгоре куќа во скопската населба Пржино, а најмалку едно лице е повредено, пренесува Сител.
Според информациите од терен пожарот се случил пред околу половина час и според кажувањата на соседите за десет минути куќата изгорела цела.
Со изгореници се здобил сопственикот на куќата кој се обидувал да го изгасне пожарот, екипа на Брзата помош му пружила итна медицинска нега, но неговата здравствена состојба и степенот на изгореници не се познати.
Од пожарот зафатена е фасада на соседната куќа која е лепенка со изгорената куќа а штети има и во дворовите на соседите.