ПОРОЈ ВО СКОПЈЕ Градските власти пријавија помали штети предизвикани од десетина дрвја

Градот Скопје информира дека невремето предизвика прекин на електричната енергија во делови на Центар и Аеродром, прекин на телекомуникациската мрежа во неколку скопски населби, десетина паднати дрвја и неколку оштетени автомобили.

425

Краткотрајното невреме кое го погоди скопскиот регион предизвика мали штети во Скопје.

Градот Скопје информира дека невремето предизвика прекин на електричната енергија во делови на Центар и Аеродром, прекин на телекомуникациската мрежа во неколку скопски населби, десетина паднати дрвја и неколку оштетени автомобили.






Градските власти велат дека се проодни сите подвозници и дека екипи на јавните претпријатија работат на поединечни локации.

 

Поврзани содржини