НОВИ МЕРКИ И НА ГРАНИЦА Од 1 септември влез или излез од земјата само со ковид потврди
За нашите граѓани кои ќе се враќаат во земјата после 1 септември, а немаат ПЦР тест, или потврди за примена вакцина или за прележан ковид ќе се одреди мерка карантин од 7 (седум) дена домашна изолација со решение од Државниот санитарен и здравствен инспекторат
Од 1 септември 2021 година домашни и странски државјани ќе можат да влезат на територијата на Македонија доколку претходно на граничниот премин приложат сертификат,потврда за извршена имунизација (вакцинација) од вирусот SARS-CoV-2, односно примени најмалку две дози на вакцина против заразната болест ковид-19, сертификат за прележан ковид во последните 45 дена, сметајќи од денот на оздравувањето или медицинска потврда со негативен резултат од RT PCR SARS-CoV-2 тест, направен 72 часа пред влез во земјава. Ваква оддлука ечерва донесе владата.
-За нашите граѓани кои ќе се враќаат во земјата после 1 септември, а немаат ПЦР тест, или потврди за примена вакцина или за прележан ковид ќе се одреди мерка карантин од 7 (седум) дена домашна изолација со решение од Државниот санитарен и здравствен инспекторат – се вели во соопштението од денешната владина седница.
Странските државјани кои транзитираат низ земјата, како што се наведува, ќе можат да го направат тоа во рок од 5 часа со претходно потпишана изјава на влезот во земјата која ќе треба да ја приложат пред граничната контрола на излезот од државата.