МИЛИЈАРДЕРОТ НЕ МИРУВА Маск ќе заработува и од рекламен билборд поставен во орбитата на Земјaта (ВИДЕО)

Маск ќе финансира канадски стартап со цел да создаде сателит кој ќе функционира како билборд во ниската орбита на Земјата, а планот е следната година да се испрати овој сателит во вселената со ракетата на СпејсИкс – Фалкон 9.

1,011

Во мај, основачот на SpaceX, Илон Маск, објави дека компанијата ќе лансира DOGE-1, првата мисија платена целосно со криптовалутата Dogecoin.  Деновиве, пак, гнералниот  директор на SpaceX се здружи со канадскиот стартап Geometric Energy Corp (GEC) за да постави реклами во вселената.

Маск ќе финансира стартап со цел да создаде сателит кој ќе функционира како билборд во ниската орбита на Земјата, а планот е следната година да се испрати овој сателит во вселената со ракетата на СпејсИкс – Фалкон 9.






Кога ќе ја заземе својата позиција, огласите ќе му бидат испратени безжично од Земјата, а сателитот ќе се вика CubeSat и ќе има голем екран на кој ќе се прикажуваат реклами.

Видеото од таа камера ќе се пренесува во живо на различни платформи, како што се YouTube или Twitch. Ова ќе овозможи секој да ја види содржината прикажана на сателитскиот екран. Клиентите ќе можат да купат време на малиот пикселиран екран за да ги прикажат логоата на нивната компанија, деловните реклами, а уметниците би можеле да изнајмат простор „билборд“ за да ја промовираат својата дигитална уметност. Сепак, сателитската реклама нема да биде видлива на небото од Земјата.

Основачот на Geometric Energy Corp Семјуел Рид сака да го „демократизира универзумот“ на овој начин, дозволувајќи им на сите да се рекламираат во него.

За да го овозможи ова, тој смисли автоматски систем за резервација и прикажување огласи, кој се базира на пет токени. Секој од токените дефинира одреден аспект на рекламата – осветлување, бои, X и Y координати на екранот, како и времето кога ќе се прикаже рекламата.

Поврзани содржини