МЛАДИТЕ СО ЖЕЛБА ЗА БЕГСТВО ОД МАКЕДОНИЈА 58 отсто би заминале

Влезот во Европската унија е важна тема за младите, но оптимизмот кај нив е опаднат во споредба со 2019 година. Речиси половина (44 отсто) од испитаниците веруваат дека државата ќе стане членка на ЕУ, а просечната година во која сметаат дека тоа може да се случи е 2026 година.

601

Две третини од младите (64,8 отсто) во земјава се незадоволни од своето место во општеството, покажува студијата „Социо-политичко учество на младите: Нееднаквост, неизвесност и различни очекувања“, изработена во соработка со Фондацијата за демократија на Вестминстер.

Студијата покажува дека 58 отсто од младите би се иселиле, доколку им се укаже можност. Од нив, само 6,9 отсто би се вратиле назад во земјата. Повеќе од половина од младите луѓе (56 отсто) ретко или никогаш не ги следат и не се заинтересирани за политичките настани и случувања во земјата.






Студијата покажува дека 69 отсто од младите никогаш не биле консултирани од институциите, наспроти една третина (27 отсто) кои биле консултирани на локално или национално ниво. Бројот на испитаници кои никогаш не биле консултирани се намалил за 15 отсто во споредба со истражувањето од 2019 година, што претставува подобрување. Важноста од вклучувањето и активноста на младите генерации ја покажува податокот дека младите кои се вклучени во младинско организирање, имаат попозитивна слика за себе и своето место во општеството.

Влезот во Европската унија е важна тема за младите, но оптимизмот кај нив е опаднат во споредба со 2019 година. Речиси половина (44 отсто) од испитаниците веруваат дека државата ќе стане членка на ЕУ, а просечната година во која сметаат дека тоа може да се случи е 2026 година.

Речиси 8 од 10 млади (77,3 отсто) луѓе сметаат дека властите делумно или воопшто не се грижат за нив и нивните потреби.

Пандемијата не ги одмина младите, речиси на 15 отсто им се намалила платата во текот на кризата, додека 6 отсто ја изгубиле работата. Во поглед на образованието, младите кои се во образовен процес даваат просечна оцена 3 за квалитет на наставата за време на пандемијата.

За да се подобри животот на младите во земјата, дел од клучните препораки се да се гарантираат средства во државниот буџет за млади и младински политики, општините да формираат локални младински совети и да отворат младински центри, а политичките партии да се заложат младите да бидат застапени во програмите и на кандидатските листи на претстојните локални избори. Да се поддржува младинското организирање и законски да се гарантира средношколското учество. Институциите да работат на информирање и едукација на младите за потребата од вакцинација за спречување на ширењето на ковид-19.

Истражувањето беше спроведено преку телефонска анкета од страна на ТИМ институт во 2020 година, а е изработено од Младински образовен форум и Фондацијата за демократија на Вестминстер.

Поврзани содржини