СРБИЈА ПЛАНИРА ДА ГО ЗАТВОРИ НОЌНИОТ ЖИВОТ Со над 1.000 заразени дневно, баровите одат под клуч

Секој ден во Србија расте бројот на заразени со вирусот корона, вчера беа регистрирани 792 заразени лица, заедно со 733 хоспитализирани.

706

Ноќните клубови во Србија ќе бидат затворени ако бројот на заразени лица надминува 1.000 дневно, објави член на Кризниот штаб за борба против коронавирусот, Бранислав Тиодоровиќ, пренесуваат српските медиуми.

Во тој случај, според него, работното време на угостителските објекти ќе биде ограничено.






– Никој не размислува за повторно воведување полициски час, но ќе имаме ограничено седење во барови и повторно затворање на ноќниот живот – рече Тиодоровиќ.

Тој ги повика граѓаните да го искористат август за да се вакцинираат, бидејќи тоа на сите ќе им обезбеди помирна и побезбедна есен, пренесуваат белградските медиуми.

Секој ден во Србија расте бројот на заразени со коронавирусот, вчера беа регистрирани 792 заразени лица, заедно со 733 хоспитализирани.

Овие бројки ги загрижија епидемиолозите, кои проценуваат дека ситуацијата е проблематична, бидејќи очигледно е дека трендот на раст на нови случаи не запира.

Поврзани содржини