СЕ ИЗБИРААТ НОВИ СУДИИ Илија Трпков, судијата од 27 април сака столче во Апелацискиот суд
Во следниот период треба да бидат избрани нови судии во Апелацискиот суд во Штип, судии во основните судови во Скопје, Куманово, Тетово, Дебар, Ресен, судии во Врховниот суд и двајца судии во Апелацискиот суд во Скопје.
Повеќе судови во земјава ќе добијат нови судии, откако Судскиот совет распиша оглас кој беше отворен до денеска.
Во следниот период треба да бидат избрани нови судии во Апелацискиот суд во Штип, судии во основните судови во Скопје, Куманово, Тетово, Дебар, Ресен, судии во Врховниот суд и двајца судии во Апелацискиот суд во Скопје.
Судијата Илија Трпков кој е главен судија во предметите за организаторите на настаните од „27 април“ и „Плацеви на Водно“ е еден од судиите кои се заинересирани за место во Апелацискиот суд.
Пресудата на судечкиот совет предводен од Трпков за 27 април предизвика многу реакции поради затворските казни од вкупно 25 години за наводните организатори на настаните во законодавниот дом, поранешниот претседател на Собранието Трајко Вељаноски и поранешните министри Миле Јанакиески и Спиро Ристовски и Владимир Атанасовски, поранешен директор на УБК затоа што беше донесена по сведочење на Александар Василевски-Нинџа кој неколкупати го менуваше својот исказ.