Пензионираната американска актерка Кели Ли Брок стана позната во осумдесеттите години на минатиот век со нејзините улоги во филмовите „Жената во црвено“ и „Чудна наука“.
Тогаш, поради својот изглед, брзо стана еден од најголемите секс-симболи на своето време, а на мажите им се тресеа колената пред неа.
Пред актерството, Кели имаше и успешна манекенска кариера, која ја започнала веќе на 16-годишна возраст, а меѓу sвездите ја лансираше насловната страница на престижниот моден магазин „Вог“, за кој позираше кога имаше само 19 години.
Денес, таа има 61 година и ретко се појавува во јавноста, а своето лице, кое со бројните естетски зафати го доведе до непрепознатливост, го крие и на Инстаграм. На нејзиниот изглед секако влијаела и зависноста од тешки дроги, која за малку ќе ја чинела живот.
Остана запаметена и по турбулентниот брак со јунакот на бројни акциони филмови, Стивен Сегал, кој траеше од 1987 до 1996 година, и со кого доби три деца. Поради неа, Стивен ја напушти тогашната сопруга, актерката Адриен Ла Русу, која извесно време и ја изневеруваше со Кели.
Пред Сигал, од 1984 до 1986 година, Кели беше во брак со филскиот продуцент Виктор Драи, а со пензионираниот банкар Фред Стек беше во брак од 2007 до 2008 година.
View this post on Instagram
Откако се повлекла од актерството, таа го заменила холивудскиот гламур со сосема поинаков и многу помирен живот во планините.
– Одлучив да го напуштам Холивуд за да ги воспитувам децата далеку од светлата на сцената. Јас дури и не сакав тие да ги гледаат или да ги чувствуваат негативните последици од мојот развод. Така што отидов на ридот каде што буквално живеев во дивината без телевизор 24 години – изјавила Кели во интервјуто за „Клосер викли“ во 2017. Тогаш проговорила и за стареењето, но не ги споменала естетските операции.
„Кога ја носев титулата секс -симбол и бев убава, тоа воопшто не го чувствував, што е иронично. Сега кога сум многу позрела и збрчкана, да, всушност имам брчки, се чувствувам поудобно во мојата кожа. Среќна сум со тоа која сум и каде сум“, заклучила Кели.